ТОЈ Е РЕЖИСЕРОТ, СЦЕНАРИСТОТ, А НЕГОВАТА ЖЕНА ЈА ТОЛКУВА ГЛАВНАТА УЛОГА. ЏОН КРАСИНСКИ И ЕМИЛИ БЛАНТ ВО ХОРОРОТ „ТИВКО МЕСТО“

04.04.2018
Во модерниот хорор и трилер „Тивко место “, четворочленото семејство мора да води живот во апсолутна тишина, откако нивниот опстанок ќе го загрозат мистериозни суштества кои го ловат и оној кој ќе испушти и најмал звук. Ако те слушнат, ќе те уловат! Нашиот свет е нападнат од наизглед неранливи грабливци кои на најмалиот можен шум веднаш напаѓаат со смртоносна сила. Сето тоа се одвива околу едно правило – движи се внимателно и никогаш не создавај никаков звук. Едно генијално семејство успеа да преживее во тишина, внимателно пригушувајќи го секој звук во секојдневниот живот.



Оваа недела ни пристигнува анимираната авантура „Шерлок Гномс “. Градинарски џуџиња, Гномео и Јулија, го ангажираат детективот Шерлок Гномс за да го открие исчезнувањето на останатите градинарски џуџиња.

По повод престојните Велигденски празници, на 05 и 06 април во фоајето на Cineplexx ќе се одржи настанот Семејни денови со бројни активности наменети за најмладите.

Семеен пакет

Кон настанот

Нова CINEPLEXX апликација

Преземи ја новата апликација сега!

Кон настанот